Дизелот поевтинува, ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинството од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за половина денар по литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Концерт за флејта и пијано во Центарот за култура во Куманово Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово утре / вторник/ ќе се одржи концерт за флејта и пијано со Страшо Темков и Елена Атанасовска.
(Видео) Со првоаприлски маски најмалите го развеселија плоштадот во Куманово Шарен и разигран беше денеска центарот на градот, кој беше преплавен со маскирани дечиња.
Во средните училишта во Куманово и Липково има 2.348 слободни места за упис во прва година Според конкурсот на Министерството за образование и наука во новата 2024/2025 година ќе има 2.348 слободни места за упис во прва година во средните училишта во Куманово и Липково.
Повреден мопедист во Куманово Возач на мопед вчера е повреден во сообраќајна несреќа на улицата „Братство-единство“ во Куманово.
Повреден работник при работа во јавно претпријатие Шеесет годишен работник е поврeден додека извршувал работни задачи во кумановско јавно претпријатие, по што бил префрлен во болница. Случајот го пријавил дежурен лекар.
Се реконструира автопатот кај „Белви“, АМСМ апелира да се вози внимателно Поради реконструкција на дел од автопатот Куманово - Скопје во близина на хотел Белви изврешена е измена на сообраќајот, поради што од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ) апелираат до возачите да ја почитуваат сообраќајната сигнализација.
Затвореник избегал на бензинската кај Романовце, додека го носеле во К`шање Приведено лице успејало да избега од возило на затворската полиција додека стоело на бензинската пумпа на автопатот, кај Романовце.
Од ноќеска почнува летното сметање на времето Летното сметање на времето почнува ноќва во 2 часот по полноќ /31 март/, кога часовниците се поместуваат еден час понапред, односно од 2 на 3 часот.
Мартин Костадиновски освои трето место на државен онлајн натпревар по математика Мартин Костадиновски, ученик во третта година во Гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово освои третто место на државен натпревар по математика, кој се одржал онлајн по повод Меѓународниот ден по математика - 14 март.
Планинарска акција во хуманитарни цели организира ЗП „Козјак 2013“ и Црвен Крст Куманово Здружението на планинари „Козјак 2013“ заедно со Црвен крст Куманово, утре организира хуманитарно планинарење во селото Бељаковце, до манастирот Св.Георгиј. Учесниците ќе имаат можност да донираат за да продолжи лекувањето на четиригодишната Јована Илиевска од Куманово.
Технички проблеми и експропријација го кочат проектот за канализација зад поранешен „Киро Фетак“ Општина Куманово, преку Секторот за комунални работи започнала постапка за изработка на проектна документација за изградба на канализациска мрежа на улиците „Петар Драпшин“ и „Драги Шутевски“, каде сега течат фекалии низ отворен канал, покрај автопатот и градинката „Буба Мара“ на влезот во Куманово.
Kумановец кршел инвентар на бензинска пумпа Полицијата привела кумановец затоа што синоќа на бензинска пумпа на улицата „Доне Божинов“ во Куманово се однесувал агресивно.
Македонија треба да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата Еразмус+ Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија, пари злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година.
Бакарот од спортската сала е продаден за 141.000 евра, парите се искористени за инфраструктурни проекти За 8.7 милиони денари или 141.400 евра е продаден бакарот кој беше изваден од покривот на Спортската сала во Куманово. Според информацијата од Општина Куманово продадени се 17,364 тони бакар, по реална цена во моментот на продажбата, а тоа е април 2022 година.
„Гласна култура“ вечерва во Занаетчиски дом во Куманово Изложба на фотографии од старо Куманово, поетско читање и стенд-ап, се само дел од содржините на мултимедијалниот настан „Гласна култура“, кој вечерва со почеток во 18 часот ќе се одржи во Занаетчискиот дом во Куманово.