Ученички натпревар за алтернативни извори на енергија Во Техничкото училиште “Наце Буѓони“ вчера се одржа натпревар на тема “Електрични централи и алтернативни извори на енергија“, на кој учествуваа 20 ученици.
Пчеларите ќе одат на саем во Сталаќ Пчеларите од пчеларското здружение “Пчела“, на 11 април ќе посетат саем во гратчето Сталаќ, соседна Србија.
Расчистена третата коловозна лента од свлечиштето кај Страцин На регионалниот пат Куманово-Кратово кај село Страцин, пуштена е во функција и третата коловозна лента, која беше забранета за сообраќај поради активирање на свлечиште во должина од околу 50 метри.
Подобрена безбедноста во патниот сообраќај Во 2014 година како резултат на повеќе сообраќајни контроли подобрена е безбедноста во сообраќајот во Куманово, тврдат од кумановската полиција.
Работилница за борба против расизам во ЦИД Центарот за меѓукултурен дијалог во петок ќе организира интерактивна работилница по повод Денот за борба против расизмот.
Пазарната инспекција во акција Државниот пазарен инспекторат во период од 9 до 13 март, изврши контроли во повеќе кумановски фирми, при што се изречени парични глоби и привремени забрани за работење.
Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово Редовниот партиски конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи во Куманово на 9 и на 10 мај годинава.
Во кумановскиот театар се подготвува нова претстава Актерите од кумановскиот театар од денеска започнуваат со подготовка на претствата “Жена од минатото“, работена по текст на Роланд Шимелпфениг, а во режија на Нела Витошевиќ.
Трибина за “Дискриминација на жената“ Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот, ќе се одржи трибина на тема “Дискриминација на жената“.
Се пребројува дивечот во ловиштата Во овој период од годината, додека трае забраната за лов на дивеч, ловците од ловечките друштав вршат пребројување на дивеч.
Легализирани 462 дивоградби во Старо Нагоричане 462 дивоградби на територија на општина Старо Нагоричане се легализирани, а 170 барања се во процедура.
Матурантите од Куманово повторно на протести Средношколскиот пленум од Куманово утре во 12 часот ќе организира протест пред подрачното Министерството за образование и наука во Куманово.
Бобан Јаќимовиќ претседател на извршниот одбор на ДПСМ Бобан Јаќимовиќ, претседател на општинската организација на ДПСМ, избран e за претседател на извршниот одбор на партијата.
Брза помош со 30-тина интервенции за едно деноноќие Над 30 интервенции за 24 часа бележат во просек лекарите од Итната медицинска помош Куманово.
Успешна крводарителската акција на СДСМ Дваесет членови и симптизери на партијата, денеска даруваа крв во првите 40 минути од почетокот на крводарителската акција на СДСМ, во партиските простории во комитет.
“Вараждинска“ и “Васил Драгомански“ без струја Без струја утре ќе бидат домаќинствата од улиците “Вараждинска“ и “Васил Драгомански“, информираат од ЕВН Македонија.