×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Анета Молика, Благица Павловска, Зуица Лазова, вечерва на „Тумба фест“ на градскиот плоштад во Куманово

    24.08.2021 06:29 | Сузана Николиќ

    Фестивалот на новосоздадена шегобијна народна песна „Тумба фест 2021“, вечерва во 20 часот ќе започне на градскиот плоштад во Куманово. Посетителите ќе имаат можност да слушнат 22 песни од познати пејачи на македонската фолклорна сцена. 

    Анета Молика, Благица Павловска, Зуица Лазова, вечерва на „Тумба фест“ на градскиот плоштад во Куманово

    Ќе настапат: Анета Мицевска со група Молика, Благица Павловска, Зуица Лазова,  Ирена Спасовска, Нино Величковски, Челик бенд, Мирче Крстевски, Лидија Спасовска, Тони Биоритам, Елена Јовчевска, Ванчо Тарабунов, Сања Ристевска, Ристо Краповски, Далибор Ѓошиќ , Скопски Боеми, Влатко Алексовски, Методија Столески и др.

    „Тумба феста“ ја негува новосоздадената шегобијна песна и во изминатите години се пееше на кумановскиот дијалект, но оваа година ќе бидат застапени и другите дијалекти во државата.

    „Освен кумановскиот дијалек, годинава ќе биде присутен и прилепскиот дијалек, валандовскиот, битолскиот, впрочем нашето мото е да ги сочуваме вредностите, традицијата и сето она што постарите ни го оставиле во завет. Тумба Фест прераснува во фестивал на кој се негуваат различни дијалекти, веруваме дека тоа е додадена вредност и богатство“, изјави Драган Митевски, претседател на Здружение „Етно Ризница“ Куманово. 

    Фестивалот трета година по ред го организира Здружението „Етно ризница“, а ќе се одржи со сите мерки за ковид-заштита.

    (Фото: Принтскрин/ Јутуб/ Арт студио) )