×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Брат и сестра-најголема поддршка и љубов во животот

    16.03.2020 09:12 | KumanovoNews

    Односите помеѓу братот и сестрата поминуваат низ повеќе фази, од игнорирање и ривалство во детството, па сѐ до најсилна поддршка во позрелите години.

    Брат и сестра-најголема поддршка и љубов во животот

    Иако на почетокот, во детството, се согласуваат како мачка и куче, сепак нивниот однос е силен, а воедно и нежен. Тие може да се налутат и да си ги поделат играчките, но тоа не значи дека за кратко време нема повторно да направат свое заедничко царство.

    На почетокот нивното ривалтво, кога истапуваат еден наспроти друг, може да наликува на страшна битка, но нивниот однос е најпособното нешто кое го искусуваат во животот. Во текот на детството, сестрата е таа која постојано е понежна и повеќе „сожалувана“ од нејзините родители, додека пак нејзиниот брат е оној од кој постојано се бара да биде понежен со неа. Но зарем има нешто понежно од подоцнежната заштитничка љубов на братот?

    Браќата кога се помали се оние кои на своите сестри знаат да им ги скршат куклите и да им се сокријат за да не се играат со нив, но и нивните сестри не се толку наивни, па честопати знаат да се пожалат на нивните родители.

    Психолозите велат дека во тинејџерските години, честопати знаат релациите да бидат слични како во детството, но со тоа што тогш и сестрите знаат да покажат незаинтересираност за нивното друштво, бидејќи и тие си наоѓаат свое. Овој процес кај женските настанува и поради потребата тие да бидат поразлични од нивните браќа, како и понезависни.

    На тој начин, тие всушност учат како да се борат со ривалството. На почетокот најчесто родителите се оние кои придонесуваат за нивното делење, бидејќи девојчињата ги гледаат премногу „розово“, а машките „сино“, но со текот на растењето децата меѓусебно сфаќаат дека еден во друг можат да најдат најголема поддрша и поткрепа. Па така тие почнуваат да си оформуваат заеднички друштва, да се забавуваат и смеат за време на заедничкото дружење. Не ретко за братот знае да се рече дека тој за неговата сестра е нејзин суперхерој. А пак сестрите се тие кои најголемата љубов ја имаат токму за нивните браќа, не попусто низ народот се вели дека доколку се случи некој злочин, сестрата не треба да се испрашува, затоа што големината на нејзината љубов не може да дозволи да го повреди братот.

    Иако тие подоцна си оформуваат свое семејство, тое е љубов која нема граници и која не ја ограничува никоја нова врска, затоа што љубовта помеѓу братот и сестрата нема граници.

    Затоа психолозите советуваат браќата и сестрите да не се принудуваат на сила, додека се помали да се во најдобри односи, затоа што тоа може да предизвика контраефект. Секако, велат тие, треба да се реагира доколку однесувањето стане насилно, но доколку не се случува тоа братот и сестрата треба да се остават да се сакаат и понекогш да се расправаат. Па, кој се расправа, тој се и сака, зарем не?