17. 03. 2020 09:07

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (19.3.2020)

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (19.3.2020)

 Дневен хороскоп

Овен

Денес ќе сте под голем притисок и ќе бидете нервозни, но сепак нема да дозволите тоа да ви го уништи целиот ден.

Од партнерот барате малку повеќе да ве поддржува во работите кои ги правите.

Бик

Не сте некој кој може многу брзо да се спреми за нови предизвици, па затоа денес ќе побарате помош од луѓето околу вас.

Денес е добар ден доколку сакате да смените некој став на вашиот партнер.

Близнаци

Искористете ги новите идеи кои ви се нудат, вие сте личност која може да направи чуда од сосема едноставни работи.

Во љубовта знаете да експериментирате и токму тоа е она што ве прави поинтересни.

Рак

Мислите на се'. Прифаќате предизвици иако се чувствувате изнемоштени, не правете го тоа доколку немате доволно време.

Вие сте знак кој честопати знае да флертува и кога не треба, а тоа ве прави несигурни.

Лав

Не бидете премногу егоистични, затоа што она на што вие му наоѓате маани можеби го сака некој друг. Не дозволувајте да станете свесни за вредноста на работите откако ќе ги изгубите.

Обидете се да си го најдете мирот во малите работи.

Девица

Денес ќе бидете исполнети со позитивна енергија и покрај негативните работи кои ќе се случуваат околу вас. Не дозволувајте туѓата енергија секогаш да влијае на вас.

Потребно ви е да имате стабилен партнер на кој ќе можете да се потпрете.

Вага

Брзоплетоста честопати знае да биде негативна за вас. Односно, не заборавајте го правилото дека со ладна глава се размислува многу поправилно.

Препуштете им се на емоциите, престанете да глумите студен човек, бидејќи вие не сте тоа.

Шкорпија

Напорен ден во кој ќе морате да завршите многу работи. Не им посветувате внимание на оние кои сакаат да се закитат со туѓи перја.

Сакате слобода и поради тоа на љубовното поле сте многу побунтовни.

Стрелец

Вие сте човек кој има моќ да влијае врз другите, односно да го исполни она што го има зацртано. Брзо напредувате.

Денес интелектуалното ќе ви е далеку пред емоционалното чувство.

Јарец

Денес е можно да не можете да ги искоординирате вашите потреби со потребите на останатите. Понекогаш е хумано да се заборави на себе и да се помогне на другите.

Кога станува збор за љубовта, ќе се чувствувате оттуѓено од партнерот и нема да имате желба за нови подвизи.

Водолија

Иако е само почеток на денот вие се расфрлате со идеи на кои им нема крај. Уживајте во денот, дозволете си барем мала доза на радост.

Позитивен ден и на љубовното поле,  нема да ви биде срам и да побарате од вашиот партнер да бидете изненадени.

Риби

Импулсивни и нервозни ќе бидете во текот на овој ден. Никој нема да знае што може да очекува од вас.

Сакате промени на љубовното поле, затоа не смеете се' да ставате на срце.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk