×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Хиперактивните деца можат да имаат проблем и со нарушување на вниманието

    17.12.2019 20:41 | KumanovoNews

    Наставниците и родителите честопати прават грешки при дефинирање на тоа што кај детето се подразбира под хиперактивност, а што всушност е нарушување на вниманието, затоа што тие често можат да се појават и заедно.

    Хиперактивните деца можат да имаат проблем и со нарушување на вниманието

    Децата кои имаа проблеми со вниманието потешко се сконцентрируваат на задачите, потешко помнат и го губат фокусот, но тоа не значи дека тие ќе бидат немирни. Овие деца имаат сериозни проблеми да ја сфатат дури и наједноставната работа која им се објаснува и често нема да знаат како да се организираат.

    Децата кои имаат пореметување на вниманието прават балани грешки кои не се соодветни за нивната возраст, забораваат се` и сешто каде оставаат и сл. Овие деца најчесто воопшто не ги пратат  упатствата на нивните родители или професори. Додека пак кај децата кои и се хиперактивни, а притоа и имаат пореметување на вниманието може да се забележи дека никогаш не можат повеќе време да седат на едно место, а притоа не можат да запомнат ниту една работа која била побарана од нивните родители или професори. Честопати ја попречуваат наставата со цел да не дојдат на ред каде ќе биде ставена во прашање нивната способност за паметење и сл.

    Овие проблеми најчесто се застапени кај помалите деца, а се губат во адолесценцијата. Меѓутоа, ако со текот на годините детето останува зад другите деца во развојот затоа што не може да се сосредоточи и да учи, тогаш родителите без да чекаат на адолесценцијата треба да посетат психолог, за да ги превенираат последиците кои можат да се случат во понатамошниот раст на детето.