×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ХОРОСКОП (04.05.2021)

    04.05.2021 05:43 | KumanovoNews

    Дневен хороскоп

    ХОРОСКОП (04.05.2021)

    ОВЕН

    Прекрасен ден да ја истражите вашата креативност, уметностите ќе ви одат од рака. Слушнете се со важните жени во вашиот живот, изразете ги чувствата. Доколку се двоумите помеѓу излегување и седење дома – останете дома. Ѕвездите ви препорачуваат добра книга, добра музика и уште подобра купка или туш-концерт. Водата ќе помогне и за ментално прочистување. Ослободете го умот.

    БИК

    Денес вашата појава ќе биде магнетна, внимавајте сите да не се заљубат во вас. Внимавајте и вие да не станете опсесивни во врска со некоја личност од минатото. Убав ден да се ослободите од емотивниот багаж. Одлична комуникација со повозрасните машки фигури во вашиот живот или пак со надредените. Примајте конструктивни критики, по можност разубавете ја вашата работна средина со цвеќе – ќе ви цути професионалниот живот цела година.

    БЛИЗНАЦИ

    Внимавајте да не претерате со зборувањето, оставете ги деталите за друга прилика, но одличен ден да зборувате за важни проблеми и теми. Делба на имот, планирање на домашниот буџет, вашите длабоки чувства за некои интимни прашања, стравовите и она за кое не се зборува секој ден – денес е денот да ги кажете и решите тие нешта. Не заборавајте да ги хидрирате рацете, внимавајте на очите денес, размислете убаво пред да кажете нешто и бидете особено внимателни со женските личности – некого може да повредите случајно, но некој може да ве повреди и вас.

    РАК

    Доколку немате тетратка и молив до креветот, ставете веднаш – ноќва соновите ќе ви бидат посебно вивидни, а интуицијата исклучително силна. Она што го сонувате и чувствувате постои потенцијал дека ќе се оствари. Денес е одличен ден да ги запишете вашите чувства. Лошите емоции губат сила на хартија, а добрите оживуваат, земете го тоа предвид. Доколку добиете желба да резервирате карта за патување – не го правете тоа денес, почекајте.

    ЛАВ

    Се` уште се опоравувате од некоја неуспешна врска или лоша работна позиција? Ќе имате чувство дека брачниот партнер или симпатијата не одговара на вашата личност, на вашиот имиџ. Емотивниот хаос ќе има убава разврска. Тие што се во брак, денес да им прогледаат низ прсти на партнерите. Сите препирки ќе поминат, чувајте ја хармонијата. Посветете се на кариерата, не влегувајте во судир со авторитетите.

    ДЕВИЦА

    Прекрасен ден да зборувате. Зборувајте на телефон, зборувајте со пријателите, зборувајте на работа, запишувајте ги своите идеи, допишувајте се со личности кои интелектуално ве предизвикуваат, вежбајте го мозокот. Можно е денес да запознаете личност која ќе ви нуди помош за да напредувате во работата – не ја прифаќајте помошта без да размислите убаво.

    ВАГА

    Денес е денот да ги кажете сите нешта кои ви создаваат емотивни потешкотии или домашни проблеми. Искористете ја вашата привлечност, флертот овој вторник воопшто не е безопасен, денешниот ден носи потенцијал за длабоки задоволства. Средете ги финансиите, можен е прилив на средства од роднини.

    ШКОРПИЈА

    Денес ќе бидете преплавени со чувства. Можеби ќе се заљубите во лик од серија или во некој на улица или ќе ја слушнете омилената песна на радио, или можеби ќе пронајдете нова музика која ви буди досега непочувствувана среќа – можностите се бескрајни. Она што е сигурно е дека денес интуицијата ви е на максимум ниво, читајте ги луѓето, но читајте и некоја добра книга. Совршен ден за дружење со пријателите, средба со саканата личност, танц, бакнежи и убави вибрации.

    СТРЕЛЕЦ

    Доколку се чувствувате несигурни, не грижете се – животот за вас има големи планови. Не влегувајте во дуели со партнерот, чувајте го својот мир. Внимавајте што зборувате на работното место. Не претерувајте денес со јадење, пиење или премногу интензивно вежбање. Умерено грижете за своето тело и дух. Денес козметичките третмани можат повеќе да ви наштетат отколку помогнат, бидете претпазливи.

    ЈАРЕЦ

    Денес купете си нешто убаво, ќе ви потрае долго време. Романтичен ден. Нова љубовна авантура на повидок. Внимавајте да не се претвори во токсична опсесивност. За зафатените јарци, прекрасен ден за продлабочување на интимноста – раскажете си ги стравовите и страстите, прегрнувајте се почесто, вашата врска ќе доживее надградба. Зборувајте за проблемите, денес можете да решите многу финансиски ситуации.

    ВОДОЛИЈА

    Можеби ќе почувствувате притисок од домашните или од некои машки фигури – ќе успеете да се износите со предизвиците доколку верувате во себе. Критиките секогаш трансформирајте ги во конструктивни, бидејќи работата на себе е ваша тема за целата оваа година. Чувајте ги коските, зглобовите, колената и забите. Не пијте премногу ладна вода, внимавајте како возите, не му приредувајте стресови на телото. Балансирајте со домашните, на крајот ќе излезете во право како и да е.

    РИБИ

    Можеби некој ви влегува во животот и тоа на некој филмски, скоро судбински начин? Прекрасна љубовна авантура, тоа ќе биде некој кој ќе ве разбира и мотивира, но можеби ќе изгледа различно од се` што сте замислувале и посакувале. За зафатените Риби кои имаат деца – неочекувана среќа во врска со првороденото. Денес учете го на нови зборови, измислете нова игра заедно, шетајте во паркот – денот ќе ја зацврсти вашата емотивна врска.