Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Откажана е организацијата на 20-от јубилеен „Егзит“. Фестивалот се одржува во Нови Сад, на Петроварадинската тврдина.
„Драги пријатели, за жал здравствената ситуација во Србија се уште не е подобрена. Вашето здравје и безбедност ни е на прво место, па одлучивме да ја откажеме прославата за 20 годишното постоење на „Егзит“ фестивалот“, велат во соопштението.
Настанот требаше да се одржи од 13-ти до 16-ти август оваа година на Петроварадинската тврдина. Информациите за враќање на средствата од билетите на тие кои нема да сакаат да ги зачуваат за наредната година, ќе излезат наскоро.
(Д.Д.)