×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пет знаци кои покажуваат дали вашиот партнер навистина ве сака

    22.01.2020 10:43 | KumanovoNews

    Податоците покажуваат дека една од три жени или еден од четворица  мажи, во текот на љубовната врска доживуваат злоупотреба (психичка или физичка). Иако сите сакаме да се дистанцираме, од оваа статсистика, сепак нездравите врски се насекаде околу нас, велат психолозите.

    Пет знаци кои покажуваат дали вашиот партнер навистина ве сака

    Сите ние знаеме да љубиме, но и сакаме да бидеме љубени. Сепак, разликата е голема од една до друга љубов, за одредени љубови во одреден период може да се рече дека дури и веќе не се љубов.

    Проблемите во врската често се дефинираат на различен начин или пак се игнорираат, па често за некои нездрави постапки велиме дека се знак на љубомора, пијанство, нервоза или сл.

    * Пет разлики помеѓу здравата и нездравата љубов, од организацијата „Една љубов“:

    1. Интензитет

    - Kај здравата врска, сосема е во ред некој да ви недостига доколу го немате видено неколку дена и истото да ви го каже или вие нему да му го кажете.

    - Во нездравата врска, партнерот честопати знаe да ви преговори ако не сте биле до него дури и само пет минути. Во нездравата врска партнерот честопати знае да се појавува и на места на кои не го очекувате, да ви се јавува постојано или постојано да бара од вас да му кажете каде одите, со кого и што правите.

    2. Изолација

    - Во здравата врска, партнерите секогаш наоѓаат време еден за друг, но наоѓаат време и за нивните пријатели. Вистинската љубов вклучува независност.

    - Во нездравата врска, партнерите постојано се заедно еден со друг и иако се „гушат“ меѓусебно, сепак се изолируваат од околината. Па најчесто можат за вашите пријатели да ви речат, дека се губитници и дека не треба да се дружите со нив.

    3. Претерана љубомора

    - Во нездравата врска љубомората со себе носи посесивност и недоверба, чести обвинувања за флертување со други луѓе, прељуба или пак одбивање на партнерот да ве сослуша кога вие го негирате истото.

    - Во здравата врска може да биде застапена љубомората, но во некои нормални граници.

    4. Омаловажување

    - Во нездравите врски, често партнерот знае да се однесува кон вас навредливо и честопати да не го вреднува она што вие го правите, да не му дава значење и воопшто да не го коментира.

    - Во здравата  врска зборовите на вашиот партнер ве охрабруваат и ве прават подобра личност, а не ве буткаат кон дното.

    5. Неурамнотеженост

    - Во нездравата врска вашиот партнер и на некој најмал проблем може да реагира премногу депресивно, да ве напаѓа, а потоа да ви се извинува и сл.

    - Додека пак во здравата врска, партнерите најчесто гледаат поконструктивно да им пристапат на проблемите и да се соочат со нив. Сосема е во ред на некому да му кажете дека вашиот живот не би бил ист без него, но не е во ред на некому да му кажете дека би си го одзеле животот, доколку не сте со него.