Шабан Шаулиќ загина во сообраќајна несреќа
18.02.2019 10:32
| KumanovoNews
Една од најголемите југословенски ѕвезди на народна музика Шабан Шаулиќ загина во тешка сообраќајна несреќа во Германија.
Како што пренесуваат српските медиуми, шеесет и седумгодишниот Шаулиќ настрадал вчера утрово на пат за Дортмунд, во близина на Билефелд, на враќање од концертот што претходната вечер го одржал во овој град. Тој по несреќата итно бил префрлен во болница, кадешто починал. Според првичните информации, несреќата ја предизвикал пијан возач, кој бил без возачка дозвола.
Шаулиќ е роден во 1951 година во Шабац, а во текот на петдецениската кариера се здоби со статус на „крал на народната музика“. Тој сними повеќе од 30 албуми и важеше за една од најголемите музички ѕвезди во поранешна Југославија и на балканските простори.