Шипинките се богат извор на витамин Ц и извонреден напиток во зима
20.02.2020 21:02
| KumanovoNews
Шипинките се плодови од дива ружа и се препорачува да се берат додека не се целосно созреани, затоа што тогаш се богати со витамин Ц.

Меѓутоа, во тој период тие содржат и големо количество на витамин П, каротин, витамин Б12, танин, ликонска и јаболкова киселина.
Тие најчесто се користат за настинка, епидемија на грип, против анемија, за запирање на дијареа, а препорачливо е да се пие и за време на бременоста и доењето.