×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Три причини зошто луѓето стануваат манипулативни

    11.12.2019 18:51 | KumanovoNews

    Психолошката манипулација може да се дефинира како употреба на непотребна моќ (социјална, релативна, семејна, сексуална, финансиска, професионална и сл.), поради корист на манипулаторот, а на штета на неговите жртви, вели професорот и коуч тренерот Престон Ни, кој е автор и на познатата книга „Успех во комуникацијата со четири типа на личност“.

    Три причини зошто луѓето стануваат манипулативни

    Манипулацијата, вели професорт, честопати започнува со опстанок или инстинкт за заштитување на самиот себе, но меѓутоа сето тоа може да стане патолошки чин на експлоатација и во најлош случај, злоупотреба на другите.

    Како алтернативи за манипулативност, односно за справување со манипулативноста, се: самосвеста, автентичноста, интегритетот како и способноста за решавање на проблемите, способноста за адаптација и позитивниот начин на формирање на врски и комуникациски способности.

                    Три причини зошто луѓето стануваат манипулаативни:

    1.    Семејна историја

    Дали на засегнатата личност влијаеле некои манипулативни членови од нејзиното семејство? Дали во кругот на нејзиното семејсство имало борба за економска или социјална превласт? Дали постоела борба за моќ, контрола, љубов, статус, привилегија? Дали постоела борба за моќ против луѓето кои се надвор од семејните кругови за поголема моќ? Ова се само дел од прашањата кои се поставуваат за да се открие зошто една личност е склона кон манипулативноста. Психолозите велат дека најчесто коренот лежи во манипулативните навики на кои децата се учат уште во самото семејство;

    2.     Доколку индивидуата не била социјално прифатена во текот на растењето

    Овде се поставува прашањето: дали личноста во текот на животот доживела исклучување на било кој начин: социјален, културен или економски? Самото исклучување на личноста кај неа ќе предизвика манипулатини способност за да опстане, да се врати и да биде дел од заедницата;

    3.    Доколку професионалните, социјалните или општествените норми потикнуваат лукавство

    Овде најчесто станува збор за лукваство кога треба да се склучи некој договор на работата, кога треба да се искористат човечките слабости за да се постигне професионален ангажман итн. Денешните професии во голем дел се занимаваат токму со тоа, како на лукав и брз начин да се постигне целта, па токму затоа не можете да очекувате човек кој работи со такви „професионални компетенции и ангажмани“ да не биде манипулативна личност.