И јас самиот, првпат кога ја слушнав се чудев што е тоа МИЉАЦКА, па некои повозрасни пријатели ми објаснија дека се работи за една специфична река во Босна со невидено немирен тек која често правела проблеми со излевањето . . . толку симптоматично ми стана - веднаш се сетив на Грррујо-пррремиерррот наш и на неговиот Дреам Теам Влада ! Ми требаше само уште некој аргумент да ја оправдам оваа споредба пред самиот себеси - и ете се случи . . . Грррујо наш се обрати пред младината на ДПМНЕ и покажа дека тој и Владата со која раководи не е ништо друго освен природна непогода за државата и особено за нашиот град.
Имено, во свој стил, пред 5-6 дена Прррремиеррррот го покажа своето вистинско лице-дека ниту има намера државата да ја води во Европската унија и НАТО, дека нема апсолутно никаква намера да направи нешто за да ја спаси државата од катастрофалната економска криза во која сам ја доведе и дека не сака никаква контрола од страна на Светска банка и ММФ, едноставно дека сака Македонија да остане сива зона во која никој нема да го контролира како ги собира и како има намера да ги потроши околу една милијарда ЕВРА од само три проекти кои сака да ги искористи во случај на предвремени парламентарни избори, на кои, залудно се надева дека повторно ќе ја освои власта. Некој ќе рече-премногу обвинувања на едно место, а нема докази . . . но, да одиме по ред :
Фактот дека Грррруевски навистина нема намера да направи вистинска евро-атлантска интеграција на државата е повеќе од очигледен ; имено, на сите нас ни е сосема јасно дека имаме како држава веќе изработен влез во НАТО и веќе изработен датум за отпочнување на преговори за членство во ЕУ . . . меѓутоа, Грррујо е многу бистар, мисли дека ако нема сериозна иницијатива и општ меѓународен притисок кон него да седне и барем најмалку да разговара со Грција, па и да не го реши спорот, тој и неговата ЕКСТРА Влада ќе можат без контрола да ги трошат парите на граѓаните за луксузирање, за проекти кои создаваат политичка и меѓуетничка тензија, како оној чуден проект СКОПЈЕ 2014 . . . а зошто не КУМАНОВО 2014 ??! Па наместо да прави споменици, скулптури и згради за 200 милиони евра, нека даде на Општина Куманово барем 20 милиони ЕВРА па да го стокмиме градот не за 2014 туку за 2024 година ! Среќа што имаме способно и успешно градско раководство, кое со колку-толку пари што ги има успеа во изминатите 5 години од Куманово да направи град кој заличува на сериозна метропола ! Ама НЕ, на Гррррујо тоа баш и не му е важно кога знае дека нема личен ќар од тоа, дека нема да може Бате Саше да извлече ни 1 ЕВРО во Чешка или Словачка од такви проекти . . . на него му требаат проекти каде се прават смешни сликички за очи за евтини пари ама со голем ефект . . . за фамилијата, нормално ! Како ќе објасни Гррррујо, пррремиерррот наш дека на пример, само во Куманово, за вода војската, полицијата и здравството должат 5 милиони денари ??! Па после се чуделе како се должело за вода, како ВОДОСТОПАНСТВОТО од една, многу бргу ќе влезе и во втора ликвидација ! Па ќе влезе, нормално, кога државата не плаќа за вода, како да им се објасни на граѓаните дека тие треба да плаќаат ??! За вода пари нема, ама за лавови има . . . Све у свему, државата купува на рабуш или на цртка ! Имам среќа да бидам член на Управниот Одбор на Стопанската комора на Македонија па знам дека 42,9% од анкетираните фирми кажуваат дека не можат да го наплатат своето побарување од државата !!! Живео ФИДЕЛ КАСТРО !!! Важно ИДЕ ДУНАВ . . . у ствари МИЉАЦКА !!!
Па нормално дека Грррујо не сака да потпише ни договор со ММФ и Светска банка кога за секој долар што ќе му го дадат ќе бараат образложение кај го потрошил . . . башка ќе му буричкаат по Буџетот негов како ги троши народните пари ! Ма немој молим те ?! Некој ќе го контролира . . . НЕМА ШАНСИ ! Како тогаш ќе се спрема да вработи уште околу 50000 партиски војници во државната администрација, кога буџетот тоа не го трпи ? Епа има да го трпи, има лекарите, професорите и учителките, војниците и полицајците да зимаат плата на 20-ти наместо на 1-ви во месецот, ама има да има уште партиски вработувања ! Епа, тоа кај овие белосветски контролори не поминува и затоа ќе се скара со сите, ама важно да му врви Пррреррродбата-тоа што не води сите нас у бунар, то је мање важно !!! И, повторно ќе кажам, може МИЉАЦКА и мостове да носи, ама важно Еврата си се стокмени за фамилијата и за партијата, у случај, благо њему, ДУИ да излезе од Владата, да не може да најде коалиционен партнер од албанските партии па да си има супер образложение да си распише уште едни предвремени избори ! Ееее, ама тука се зезнал : ДУИ кажа дека своите ветувања на електоратот не ги исполнил, бидејки не сме во НАТО и не почнуваат преговорите со ЕУ, па они на избори не идат ; СДСМ кажа со право дека со ваков избирачки список на кој од 2 милиони жители, 1,8 милиони се гласачи нема нигде на земјината топка . . . можда евентуално у Африка, ама не денес, него у времето на Иди Амин ! Затоа јас сум убеден дека Грррујо ќе нема да може да си закаже нови избори, бидејки нема со кого да излезе на гласање, сите ќе бојкотираат што е единствениот метод да натераш тип со негов психички прифил самиот да се уништи-евентуално МИЉАЦКА да го понесе со себе !!!
На крајот, повторно околу проклетите пари . . . не се малку, па мора нон-стоп за нив ! Имено, се работи за сериозна загреванција на Пррееемиерррот Грррујо за влечење пари народни надвор од државата ! Сега иде најголемата финта што ќе се обидат да ја направат, ама штом е пробиена, веќе и не е интересно ! Всушност, се работи за три капитални проекти и инвестиции за државата од кои ќе се обиде Грррујо наш да извлече пари надвор од државата. Имено, во изнинатите 20-тина години од независноста на Република Македонија, едни од главните терени кајшто кубуриме се енергетиката и инфраструктурата. Секогаш најмалку три проекти се интересни и сите до сега се обидуваа да најдат начин да направат нешто околу овие суштински проблеми, ама безуспешно. Првиот ТОП 1 проект нормално е железничката пруга кон Бугарија која по својата суштина е повеќе регионален отколку автохтонен македонски проект. Арно ама, на Грррујовци им текнало дека тука има пари . . . И ете ти БОМБАСТИЦ изјава од министерот за транспорт Миле наш, дека ќе се завршел проектот за две години !!! Ма немој, молим те ! Е што така од еднаш, после 20 години све ќе биде у 2 години ! Епа, драги мои сограѓани, има една квака или цака, како сакате - најважниот дел од целиот проект чини 200 милиони ЕВРА за да може да почне да се каже дека може да се смета дека тој коридор ќе функционира ! Ееееееее, тука се парите, да не кажам ЕВРАТА . . . или 20% за Грррујо наш, фамилијата и портијата ! Па можда и ќе го биде проектот, јас се повеќе и повеќе сум оптимист кога знам што има за нив, не за државата ! Вториот проект се хидро-електраните Чебрен и Галиште, коишто за многу смешен концепт и за многу малку пари можат да прават многу струја за државата, арно ама пррреррроднебициве и тука нашле финта, нормално у цената. Имено, според главниот проект, изградбата на овие две централи треба да чини околу 700 милиони ЕВРА !!! Замислете, 700 милиони ЕВРА за две централи кај кои главната финта е што кај нив водата истекува за производство на струја, ама прррерродбеничкиот дизајн-проект предвидува препумпување на водата назад во акумулациите ! Јааааој, како ефтина финта на која не само правник како мене се смее, поарно да не ги прашате хидро-инжининерите ! Смешна финта, ама проект од 700 милиони ЕВРА, и нормално . . . повторно 20% за фамилијата и партијата !
На крај, секако, тука е фамозната гасификација ! Решил Грррујо-НОСТРАДАМУС, човек со визија, прррерродбеник,ама и пррроррок да го чисти клириншкиот долг на Русија спрема Македонија, кој се на се изнесува 60 милиони долари, со тоа што Русите ќе инвестирале во гасификација на цела држава ! Аааууу, БРАВО !!! Арно ама, Грррујо изгледа се разбира у економија како и баба ми . . . типчето не знае дека само Општина Куманово во проектот гасификација до сега има вложено над 3 милиони ЕВРА, а од октомври кога ќе почнеме да се грееме на гас таа сума ќе ја покрие делумно, а не целосно гасификацијата на Куманово, и тоа како дистрибуција на природен гас од Русија во кумановското стопанство и домаќинставата. И сега Грррујо наш не дава ни еден денар за систем што е у изградба у Куманово и што ќе се користи веќе следната грејна сезона, ама ќе прави гасификација на цела Македониуја за 60 милиони долари ??!!!
Ете ти, сосема на крајот како три проекти кои вредат 1 милијарда ЕВРА ќе го полнат чекмеџето на партијата и фамилијата . . . Мора да му се признае на Гррруевски дека е вистински визионеррр, има све да направи во државата за следните 2 години, за све има пари, буџетот е полн ! Или, можеби ВРЕСКААТ цела јавна администрација, учителки, доктори, војници, полицајци . . . ВРЕСКАМ ЈАС зашто не можам да си ги исполнувам своите обврски навремено зашто ми должи државата . . . замислете ДРЖАВАТА . . . само се плашам сите нас да не не однесе Миљацка ако гласно не врискаме !!!
Директор на ЈП Водовод
Виктор Божиновски Виктор Божиновски
*Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*