×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • НОВ ЛИСТ

    Мартин Костовски

    Животот сам по себе е неверојатно комичен, со често неразбирлив смисол за хумор. Секој даден момент е толку реалтивен поим, што на секоја секунда на еден милиметар простор се разбиваат цели колективни судбини. Живот во “модерно” време со стари навики и во тешки услови, неми погледи и тажни насмевки. Во последно време во Македонија се се поларизира, целата држава некако се подели на два блока кои се видливи и на нашите интернет форуми, на нашите медиуми и во нашите животи. Околу нас надвиснуваат фобии од сите бои, мириси и облици, ама и такви фобични и емотивно тероризирани продолжуваме “мирно” (мислам без демократски протести, петиции, референдуми, граѓански непослушности) да живееме во држава која од ден на ден се повеќе наликува и почнува да асоцира на некоја држава која би се викала Терор(истан), Казни(стан), Беда(стан) или во најсимпатична крајност ГРУЈОСТАН.    

    Кога некој од нас опозиционерите ќе напише колумна, ќе има обраќање или свој став за НЕРОЗOВАТА реалност, овие од власта ќе не бомбардираат со милион нивни непогрешливи вистини и дела, а на крај се сведува се на тоа ПА ТИЕ СЕ ОД СДСМ, САМО НАПАЃААТ. Најинтересно е што поделбата на двата блока во државата е тотално неправедна и сурова, нешто како Давид и Голијат. За жал или среќа, незнам, ама Куманово е на страната на послабиот актер во целата прикаска. Колку ли само пати досега е зборувано за неправдите кон Општина Куманово во последните 2-3 години од страна на централната власт, но во денешнава шансата која ја добив од Вашиот интернет портал да се обратам на моите сограѓани преку колумна нема да елаборирам за тој проблем, бидејќи сите се запознаени, туку ќе елаборирам за тоа колку е битно да се направи се за да се чуе незадоволството, да се слушне различното мислење, другата вистина.

    Една од работите која според многумина треба да биде средиште на секое интелектуално размислување во државата е како луѓето можат да препознаат и спречат власт која народот го остава сиромашен, апатичен и незадоволен. Оваа прашање е итекако битно заради важноста на човековата слобода, заради нас самите, заради иднината. Во Македонија денеска се надоградува односно мутира некој нов вид на диктатура, која толку softly навлегува во сите пори на општественото живеење, па небаре се смета како да е од небо дадено таквото однесување и вреднување. Но, прашање е како, Куманово прво да се крене во најавата за свртувањето на нов лист во државата. Една карактеристика на демократските општества е постоењето (независно од државата) на мноштво невладини групи и здрженија. Во нив на пример спаѓаат културни здруженија, верски организации, политички партии, спортски клубови, стопански здруженија, организации за човекови права, музички групи, литературни здруженија и уште многу други кои делуваат за остварување на своите сопствени цели, а непосредно преку нивното делување допринесуваат за промени на општествените интереси. Освен тоа, споменатите тела имаат и големо политичко значение. Тие создаваат групни и институционални основи преку кои луѓето можат да влијаат на управување на општествено-политичките текови, спротивставувајќи се на оние кои рационалните постулати на една држава ги загрозуваат. Изолираните поединци кои не се дел од вакви здруженија, не претставуваат опасност за државниот апарат со диктаторски особини на владеење.

    Почитувани, сограѓани Општина Куманово е најголемата локална самоуправа во Република Македонија со над 100 000 жители, нашиот град има над 20 000 ученици, голем невладин сектор, едноставно изобилуваме како менталитет со критички став за се и сешто, меѓутоа дали е тоа доволно. Прашањата се дали сме задоволни како живеат нашите родители, нашите комшии и пријатели, како живееме ние, зошто и до кога ќе трае ваквото задоволство од просечноста. Можеби и сите ние треба неприметно да станеме дел од сивилото на обичноста, да се задоволуваме со мизерна плата (ако дај боже таа постои) или со “гребењето” од родителите за џепарлак (ако дај боже имаат да дадат). Најстрашно од се е што Куманово станува извозник на младоста, дистрибутер на умови. До кога вака?

    Знам дека за нас Mакедонците велат дека сме мирен и трпелив народ, или со други зборови покорен и послушен. Дефинитивно  5-те века турско ропство целосно ни го изместија менталниот склоп, а неколкуте децении во составот на СФРЈ и двете децении самостојност не се доволни за да се смени сето тоа. Пред 10-тина дена тетка Лиле заедно со стечајците, на мостот кај поранешната фабрика Искра, на излез и влез во Куманово, заедно со своите “соборци” организираше мирен протест. Верувале или не освен стечајците и ние неколкуте луѓе што им одадовме почит краток период, НЕМАШЕ НИТУ ЕДЕН ГРАЃАНИН да им даде подршка, а со тоа и подршка на своето дете, на своето семејство. И во организација на најмал протест се соочуваш веднаш со глупавото прашање: ДАЛИ ЌЕ СМЕНИШ НЕШТО ?

    Почитувани сограѓани мислам дека е време за будење, размрдување и акција, посебно се надевам на младите кумановци. Постарата генерација, која веќе има создадено семејство, кариера или се пензионери не е спрема да ја ризикува својата егзистенција.  Новите генерации се тие кои ги прават промените и кои подоцна им дава импулс и храброст на постарите. Секојдневно, по Куманово среќавам млади луѓе во кои има штоф да се сврти нов лист, да се чуе друга вистина, да се види незадоволството. Невладините активисти, спортистите, музичарите, младите интелектуалци ќе мораат да си ја земат судбината во своите раце, ќе мораат да ја пронајдат нивната енергија, за да си ја обезбадат иднината за нив самите, за сите нас, за Куманово. Овој град го заслужува тоа. Нека Куманово биде почеток, на нови ветрови на промени во Македонија.

    Време е за вртење на нов лист во МАКЕДОНИЈА.

    Мартин Костовски Мартин Костовски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*