Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Додаток на плата до максимум 30% од редовната плата ќе добијат дел од вработените од централните институции на извршната власт.
Правото на додаток на плата до 30% од редовната плата можат да го остварат вработените заради специфичност на работите и работните задачи и зголемен обем на работа, како и постигнување на исклучителни резултати во служењето на јавниот интерес и ефикасното извршување на своите надлежности.
Додаток на плата можат да добијат најмногу 30% од вкупниот број вработени во институцијата, при што исплатата нема да биде за оние вработени кои имаат право на додаток на плата со посебен закон и/или колективен договор.
„Измените и дополнувањето на Законот за извршување на Буџетот за 2021 година стапија на сила на 5 август и затоа тогаш се донесе Уредбата. Законот беше влезен во собраниска процедура на 8 јуни, но беше изгласан на 28 јули 2021 година“, соопшти Владата.
Уредбата нема да предизвика дополнителни фискални импликации, од причина што додатоците на плата за вработените ќе бидат утврдени согласно тековните буџетски можности.
Владата на Република Северна Македонија високо ги цени работничките права и се води од тоа дека треба да има принцип на награди, доколку работникот извршил зголемен број на работни задачи по обем и квалитет. Исто како што има и принцип на казни доколку не се извршени работните задачи.