Царовска:Протестот е уставно загарантирано право, но промените мора итно да почнат
Најавените протести и иницијатива за референдум за образовните реформи
се уставно загарантирано право. Но, реформата ќе продолжи со цел во
фокусот на образованието да се стави ученикот и неговите потреби, затоа
што таа не само што не е избрзана, туку можеби и задоцнета, а
резултатите од новата образовна концепција, треба да ги очекуваме по пет
- шест години, кажа министерката за образование и наука Мила Царовска
во врска со најавите на групата „Учебници и настава мора да има“ за
протести во следните денови, поради промените кои треба да се случат во
основното образование со почетокот на следната учебна година.