Неизградените патишта и канализациски мрежи најголеми проблеми за жителите од регионот

18.08.2021 12:41 | KumanovoNews

Неизградената патна и канализациска мрежа се најголемите проблеми со кои се соочуваат жителите од Североисточниот регион, а кои видно им го отежнуваат пристапот до основната инфраструктура и квалитетот на живот.

 

Неизградените патишта и канализациски мрежи најголеми проблеми за жителите од регионот

Истовремено, тие се соочуваат и со нерешени прашања за обезбедување на чиста вода за пиење и урбанизација на населените места, кои го блокираат развојот на општините и го акумулираат незадоволството на граѓаните.

Проблемите се присутни од 10- 30 години, некои и по 40 и 50 години, заради што се соочуваат со поплави, калливи улици, небезбеден сообраќај, излевање на фекалиите, зарази, загадување на околината. Иако, се обратиле до локалните самоуправи, сепак решение за нивните проблеми нема. Населението ја губи довербата во институциите и вели дека тоа е причината за се поглемиот број на млади лица кои се иселуваат од државата.

Ова се главите заклучоци од анкетата за проблемите со локалната инфраструктура што ја спроведе Кумановоњуз, а на која одговорија вкупно 186 граѓани. Најголем дел од одговорите, односно околу 90% пристигнаа од кумановци, а останатите се од Кратово, Старо Нагоричане и Крива Паланка. На оваа анкета за првпат мажите беа застапени во поголем број, со процент од 69,9%, а жените со 30,1 %. Речиси приближен број одговири пристигнаа од лицата на возраст од 36-50 години (45,2%) и од 18-35 години (44,6%), додека останатите се застапени во помал процент.

На прашањето кои се најголемите инфраструктурни проблеми со кои се соочуваат, 39,2% од испитаниците одговориле дека тоа е патната инфрастуктура, потоа канализациската мрежа (21,7 %), урбанизацијата (17,5%), водоводната мрежа (12,2%), и снабдувањето со електрична енергија (6,3%).

Најприоритетен проблем за жителите од регионот е асфалтирањето на улици и изградба на патишта, одговориле 51,1%. За 20,4% од анкетираните, пак, најприоритетна е изградбата на канализација, а 5,9% бараат решавање на водоснабдувањето. Поради неизградената атмосферска канализација со големи потешкотии се соочуваат 4,8% од учесниците во анкетата, а за по 3,2 % најголеми проблеми се недостигот на планска документација и регулацијата на речни корита. Изградбата на пречистителни станици и сузбивањето на дивоградбите го посочуваат како приоритет по 2,2 % од испитаниците, а електричната енергија е проблем за 1,1% од нив.

Очекувано, поради големината на општината најголеми проблеми со основната инфраструктура имаат жителите од Куманово. Тие, како и учесниците од другите општини за решавање чекаат со години. Речиси 20% од проблемите кои ги посочуваат не се решени цели 30 години, 11% се присутни околу 20 години, 5,6 % околу 10 година, но има проблеми за кои жителите бараат решение и по 40 и 50 години. Дел од нив, пак, одговориле дека проблемите постојат од секогаш.

Неизградената инфраструктура е причина за бројни проблеми во секојдневниот живот на граѓаните. Речиси сите учесници посочуваат дека поради неизградените патишта им се уништуваат возилата што ги чини многу пари, како и дека се соочени со голема небезбедност во сообраќајот, особено децата и учениците. Неквалитетната вода за пиење, калливите улици, излевањето на фекалиите, заразите, поплавите на домовите и имотите, загадувањето на околината, непланската градба, непристапноста за брзата помош и противпожарните единици се само дел во низата потешкотии што им создаваат маки на граѓаните.

„Без пат, особено во 21 век, си како без раце“, вели еден испитаник. Тие се жалат дека и покрај тоа што плаќаат комуналии немаат обезбедени услуги. Секој месец мора да ги чистат пополнетите јами за да ја одржат хигиената и да го заштитат здравјето.

Дури 83,9% од анкетираните посочиле дека досега се обратиле до надлежните институции, но само во еден случај проблемот делумно бил решен. Сите останати или не добиле одговор или добиле негативен одговор. „Само ветуваат, а ништо не преземаат“, одговориле 51,1% , а околу 20% посочиле дека ги посетуваат само за избори кога и ги даваат се уште неисполенитте ветувања.

Жителите се жалат и дека нема волја за решавање на проблемите (3,8%), а исто толку посочуваат дека добиле одговор „нема средства“.

Поради сите потешкотии со кои се соочуваат, жителите велат дека ја изгубиле довербата во правниот систем и институциите и дека тоа е главната причина што регионот се соочува со се поголем бран на иселување, особено на младите лица и семејства.

Преку анкетата добиме огромен број на посочени случаи на проблеми со основната инфраструктура од кои за Куманово најкарактеристични се проблемите со кои се соочуваат жителите од насебите: Перо Чичо (Банево трло), Зелен рид, Иго Тричковиќ (Пуковско), Карпош (Рајкова куќа), Бабин Дол, Гладно поле, Пaрмакови ниви, централното подрачје, но и во голем број селски населби.

Објавените фотографии ни ги испратија наши читатеки, кои учествуваа во истражувањето.

Кумановоњуз се заблагодарува за огромниот интерес на граѓаните за учество во анкетата за детектирање на проблемите од локалната инфраструктура. Во наредниот период ќе ги контактираме лицата кои оставиле контакт и поединечно ќе ги обработиме проблемите со кои се соочуваат.

Сублимираниот преглед на посочените локации и деталните проблеми може да ги најдете овде.

Посочени проблеми со локалната инфраструктура од граѓаните

Општина Населено место Проблеми
Куманово

нас. Перо Чичо

(Банево трло)Улици: Ѓуро Пуцар - Стари, Ѓорче Петров, Иво Андриќ, 511, м.в. Стари лозја,ЃорчеПетров, Анѓа Ранковиќ

Улиците не се одржуваат, неасфалтирани улици, некои немаат пристап, нема канализациска мрежа, квалитетно електрично напојување, нема уличноосветлување, контејнери, проблем со свлечиште, итн.
Поднесено барање, ветено, неостварено
 

нас. Зелен рид

Улици: Боро Соколов, АВНОЈ, АСНОМ,Страшо Пинџур...

Неасфалтирани улици, нема канализација 15 години, нема квалитетно напојување со електрична енергија, нема корпи за отпадоци, нема спортско рекреативен центар, градинка, фонтана...Поднесено барање, ветено, нереализирано.
 

нас. Ајдучка чешма

Улици: 313, 261, 319...

Дел од улиците се неасфалтирани и без канализација, тесни улици со отежнат пристап, узурпација на државно земјиште. Алармирано за проблемот, се уште нема решение.
 

нас. Бабин дол

Улица 8, Биљановце

Нема водовод и канализација, проблеми со улично осветлување, раскопана главна улица, без тротоари, небезбеден сообраќај, поплави, нема урбанистички план 20 години, проблеми со добиток. Пријавено, надлежните не реагираат.
  нас.Бедиње Проблеми со водовод и канализација, нема патеки за пешаци, детски игралишта, неодржувана околина и зелени површини.
 

Централно подрачје

Улици: Маршал Тито, Бошко Буха, Бајрам Шабани, Народна револуција, Љупчо Арсовски,Вера Которка, Кирил и Методиј, Соколана, Проевски и Нагорички пат, Градски гарнизон, кај Стара црква...

Недоволно осветлување, нема атмосферска канализација, лежечки полицајци, сигнализација, тротоари за пешаци, стари водоводи, поплавување на подруми, застарена канализација, дупки по улици, непрописно паркирање, запуштен парк, застарени семафори и сообраќајни знаци, дивоградби, нема паркинг простор, несовесно возење, бучава, гласна музика...
 

нас. Иго Тричковиќ

(Пуковско)Улици: 401, 421, цела населба

Нема канализација, улично осветлување, непристапни улици
  Пармакови ниви Нема канализација и пат, поплави, диви депонии Општината запознаена со проблемот, се уште нема решение.
 

нас. Карпош

Улици 40, 72, 210, 5...

Небезбеден сообраќај поради влез од магистрален пат, неасфалтирани и неповрзани улици, нема тротоари, канализација, патеки за велосипеди, корпи за отпадоци, куќите се поплавувааат, диви пазари на патот, дива фарма. Пријавени проблеми, ветуваат само пред избори, ништо не е решено.
 

нас. Гладно поле

Улици: 725, 726 и други

Неасфалтирани ираскопани улици, небезбеден сообраќај, отежнато паркирање и собирање на смет. Жителите се подготвенида учествуваат со дел од средствата потребни за обезбедување на инфраструктурата.
 

нас. Јане Сандански

Улица бр. 2

Не може да излезе ниту такси, ниту брза помош
  Булевар „Октомвриска револуција“ Нема атмосферска канализација, поплави, нема доволно паркинг места, зеленило, корпи за отпад, голема изградба на станбени згради, загадено речно корито на Кумановка, улицата Моша Пијаде да се поврзе со булеварот.
  нас. Гоце Делчев Дупки по коловозите, непрописно паркирање, нема зеленило, несигурни инсталации, куќиња скитници, расфрлан отпад
  Ул. БранкоБогдановски Гуцман Неасфалтирана улица, водоводните цевки често пукаат
  Ул. 620 Неасфалтирана улица
  Ул. Никола Тесла Проблеми
  Ул. Раде Кончар Проблем со смет
  Ул. Иван Милутиновиќ Проблем со водоводна мрежа, пукаат цевки, раскопани улици. Проблемот не се решава со години.
  Ул. Стево Филиповиќ Неасфалтирани 30 метри
  Ул.Веселин Вујевски Неасфалтирана улица, недостига спортско игралиште, запознаен градоначалник
  Ул. Пчинска Неасфалтирана улица
  Крстоснцица Вук Караџиќ - СтрашкоСимонов Чести сообраќајни незгоди, нема лежечки полицаец, да се најде соодветно сообраќајно решение.
  Ул. Србо Томовиќ 4 куќи немаатасфалтиран пат, ветувано, неостварено
  Ул. Драги Шутевски Неасфалтирана улица, нема канализациска мрежа
  Село Горно Коњаре Селото не е урбанизирано и не се издаваат дозволи за градба, па жителите градат дивоградби. Пола село нема канализација, заради што се загадуваат бунарите со вода за пиење.
  Село Долно Коњаре Проблем со сточен пазар и бувљак
  Село Доброшане Неизграден пат, нема канализација, нема улично осветлување
  Село Романовце Нема канализациска мрежа и атмосферска канализација, вода за пиење, ниту барем канал за отпадни води.
  Село Тромеѓе Нема асфалтирани улици, ниту поврзување со канал
  Село Сопот Целосно оштетен пат, полн со дупки, потребна реконструкција
  Село Кокошиње Нема асфалт и вода за пиење, струја снемува при најмал ветер
  Село Пчиња Нема водоводна и канализациска мрежа
  Село Табановце Приоритет за жителите е патот, но имаат проблеми и со водоводната мрежа
  Село Умин Дол Нема водоводна и канализациска мрежа и градинка
  Село Зубовце Огромен проблем со патот, амбиси од сите страни
  Агино село Неасфалтиран пат, нема одвод, слаба струја, училиштето се распаѓа
  Село Режановце Неосветлен пат, без патеки за пешаци и велосипеди, небезбеден сообраќај
  Село Дејловце Целосно уништен и однесен пат, без пристап за брза помош и противпожарна служба
  Село Речица Патот е во катастрофална состојба, целосно оштетен, а многу е фрекфентен. Потребно е да се реконструира, да се осветли и да се изградат патеки за пешаци и велосипеди. Нема ниту водовод.
  Регионален патКуманово - Света Петка кон Крива Паланка Неопходен нов пат и асфалт, бидејќи е магистрален пат за Бугарија.
  Село Студена Бара Проблеми
Кратово

Градско подрачје

Улици: Планинска, Ѓорги Какашевски, Царина маала, Зорле маало

Катастрофални патишта, застарена водоводна мрежа, запуштено речно корито, некои населби и улици немаат пристап за дрва за огрев, брзапомош, противпожарна служба, комунални возила, нема вода за пиење, се снабдуваат со цистерни и буриња, отпадните води одат директно во реката.
  Село Живалево Лош пат,нестабилен мост преку река, нема водоводна мрежа, доволно контејнери, лоша регулација наречно корито
  Село Трновац Нема пат, повеќепати барана изградба од општината, неисполнето
 

Село Крилатица

Средна маала

Проблеми соинфраструктура
Старо Нагоричане

Село Смилчинци

место Црквица

Сопственици на викенд куќите немаат водоводна мрежа. Бараат приклучување за што ќе самофинансираат. Барањето им е одбиено, се чека механизација.
  Село Пелинце Низок напон наелектрична енергија поради многу приклучоци на новоизградени куќи. Потребна трофазна струја.
  Село Дренок Проблеми
  Село Домузлинци Проблеми
Крива Паланка нас. Баглак Поткопување на патот
  нас. Грамаѓе Проблеми
  Село Осиче Нема ниту пат, ниту вода
  Село Градец Потребен локален пат кај Крстата падина, 1 км

 

 

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk