Сода бикарбона не е лек против вируси
Сода бикарбоната и лимонот не се никаков „спасоносен лек“ за заштита од вируси воопшто, а најмалку за заштита од коронавирусот, како што се тврди во објавата, која може да влијае на задоцнет третман и ненавремена имунизација кај населението како единствена ефикасна заштита од ковид-19. Оваа мешавина нема ефикасни ефекти, а може да биде многу опасна, ако содата се зема во големи количини, па дури и да предизвика труење. Научните истражувања потврдуваат повеќе опасни ризици по здравјето на луѓето, особено за оние кои имаат здравствени проблеми, како и за нусефектите од конзумирање со лекови. Главоболка, дијареа, ризик од срцев удар, руптура на стомакот, бубрежна инсуфициенција се само дел од нив. Медицинските институции упатуваат на балансирана исхрана за зајакнување на имунолошкиот систем и навремена вакцинација, но никако експериментирање со алтернативни решенија и непроверени напитоци