Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изабела Павловска, носител на листата на СДСМ на локалните избори и досегашна претседателка на Советот на Општина Крива Паланка, ја доби довербата да раководи со овој орган и во наредните 4 години.
„Изразувам благодарност за дадената можност повторно да раководам со Советот на општината. Не чека многу работа, затоа подавам рака кон секој од вас и барам поддршка за конструктивни предлози во интерес на граѓаните. Во изборната кампања се запознавме со проблемите на локалната заедница и се надевам дека успешно ќе соработуваме и ќе носиме правилни одлуки“, рече
Павловска.
Предлогот за Павловска го даде советничката група на СДСМ, која освои 11 советнички места, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат 7 советници, а ЛДП и ДОМ се претставени со еден советник.
За предлогот на Павловска гласаа советниците од СДСМ, против беа советниците на ВМРО-ДПМНЕ, а советникот од ЛДП и ДОМ беше воздржан.
Покрај Павловска, за претседател на Советот беше предложен и советникот Дане Милошевски од ЛДП и ДОМ, кој доби 8 гласа за и 11 против.
По конституирањето на новиот Совет, пред советниците се обрати и новиот градоначалник Сашко Митовски, кој истакна дека новиот советнички состав е спој на искуство, младост, професионалност, креативност и мудрост.
„Се надевам дека ќе бидеме препознатливи по доброто работење, ставање на сите ресурси во служба на граѓаните и надминување на партиските интереси, во интерес на потребите на граѓаните. Секој почеток значи нови можности и перспективи, а наша одговорност е да ги трансформираме визиите на граѓаните во реалност“, посочи Митовски.