×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Најсовремено уреден и надграден објект на Детската градинка од Крива Паланка

    01.12.2022 15:33 | Жаклина Цветковска

    Целосно реконструиран и надграден дел од објектот „Поточиња“ на Детската градинка „Детелинка“ од Крива Паланка денеска беше свечено пуштен во употреба од страна на министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

    Најсовремено уреден и надграден објект на Детската градинка од Крива Паланка

    „Како Влада и министерство целосно сме посветени на горливите прашања на родителите за згрижување на нивните деца и оттука наша обврска е да инвестираме токму на ова поле. Реализацијата на овој проект директно ги покажува ефектите од социјалната реформа што ја спроведуваме. Со надградба на стариот објект од 1973 година, го зголемуваме  капацитетот и се подобруваат условите за престој на дечињата, а директно придонесуваме и кон решавање на проблемот со листите на чекање во оваа општина“, истакна Тренчевска.

    Преку надградбата на постојниот објект на градинката „Детелинка“ обезбедени се  дополнителни 102 места за згрижување на дечиња од предучилишна возраст, 5 нови занимални, како и висока енергетска ефикасност на објектот.

    Инвестицијата изнесува околу 27 милиони денари, обезбедени од МТСП ,во рамки на Компонента 2 од Проектот за подобрување на социјалните услуги, реализиран со поддршка од Светска банка. Општина Крива Паланка, пак,  обезбеди и дополнителни средства од околу  1,9 милиони денари.

    „Децата од денес  престојуваат во најсовремени и модерни услови, по сите стандарди за воспитно-образовниот процес во предучилишна возраст. На тој начин се создаваат подобри основи за имплементација на новите наставни програми“, подвлече градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.