×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Објавен конкурс за негователи на стари лица во Крива Паланка

    29.10.2021 12:19 | Сузана Николиќ

    Објавен е конкурс за избор на негователи за помош и нега на стари лица и граѓани со попреченост во Крива Паланка. Станува збор за проектот на Црвен крст на Крива Паланка со поддршка на УНФПА, кој се однесува на помош и поддршка на изнемоштени лица во нивните домови. 

     

    Објавен конкурс за негователи на стари лица во Крива Паланка

    „Се повикуваат сите заинтересирани лица ( долгорочно невработени лица ) од територијата на Општина Крива Паланка и Ранковце, кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со сертификат државно признат, да аплицираат во периодот од 28.10.2021 до 03.11.2021 година“, соопштуваат од Црвен крст Крива Паланка.

    Кандидатите треба се државјани на Македонија, да имаат 18 години, да имаат општа психо-физичка способност за работа, да имаат минимум основно образование, да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица и лица со попреченост, да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени како негуватели во сервисите за нега во домашни услови.

    Обуката за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост е бесплатна.

    Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил: [email protected] , на тел. 070 27 22 11 или во канцеларијата на Црвен крст
    Крива Паланка.