Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Крива Паланка се најде во групата „300 најуспешни“ од Средна и Југоисточна Европа и е меѓу 7-те добитници на најпрестижните награди што ги доделува реномираната организација „ Глобал Локал“.
Признанието го добива за особени залагања во развојот на локалната заедница, а наградата ќе ја прими градоначалникот Борјанчо Мицевски на Регионалниот самит за претприемништво, кој ќе се одржи деновиве во Дубровник, Хрватска.
Крива Паланка е единствена општина од Македонија која е во групата на најуспешните, каде се вбројуваат поединци, менаџери, бизнис секторот, компании, плански региони, локални самоуправи и други организации и институции.
Наградите се доделуваат за 2020 година, кога заради пандемијата настанот беше одложен.