×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Постхумна изложба „Основачот во сенка“ , посветена на академскиот сликар Димитар Стојчевски

    10.11.2021 10:09 | Жаклина Цветковска

    Во конакот на манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, отворена e постхумна изложба на ликовни дела од неодамна починатиот прв академски сликар од Крива Паланка Димитар Стојчевски, насловена како „Основачот во сенка“.

    Постхумна изложба „Основачот во сенка“ , посветена на академскиот сликар Димитар Стојчевски

    Изложбата симболично беше отворена на денот на големиот празник „Свети Димитрија“, чие име го носи еден од доајените и основачите на македонското современо сликарство. Воедно, Стојчевски е и основач на Меѓународната ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски, заедно со македонските сликари Петар Мазев, Никола Иванов Балтон и Златко Стефанов, како и организаторот Јордан Михајловски.

    „Со оваа изложба се одбележуваат три јубилеи: 80 години од раѓањето на Димитар Стојчевски, 60 години негово творештво и 35-годишнината од основањето на колонијата“ посочи Михајловски.

    На изложбата се претставени 19 дела, создадени на Осоговската колонија, односно од неговата последната фаза на сликарството „Сакраликум“, во која се чувствува силната инспирација од осоговскиот светец и осоговското светилиште.

    Инаку, месец ноември е месец посветен на творештвото и животот на Димитар Стојчевски за што се предвидени повеќе настани. Наскоро ќе се одржи промоција на монографија за него, чиј автор е Гоце Божурски, потоа документарен запис за неговиот лик и дело, промоција на арт публикација и арт видео од кураторката Кирила Цветковска и ретроспективна изложба во Центарот за култура.

    Организатор на настаните е Градскиот музеј од Крива Паланка, во соработка со Ликовната колонија „Свети Јоаким Осоговски“, општина Крива Паланка, Центарот за култура и Центарот за аудиовизуелни уметности.

    Димитар Стојчевски е роден 1940 година во Сисак Хрватска. Завршува средно училиште за применета уметност во Скопје, во класата на Лазар Личеноски, а Академија за ликовна уметност во Белград.

    Член е на ДЛУМ од 1969 година, добитник е на највисоката ликовна награда„Нерешки мајстори“ во 1993 година и остави неизбришливи траги во современото македонско сликарство. Зад себе има 100 групни и 15- тина самостојни изложби, а негови дела се наоѓаат во колекционерски збирки ширум светот.