Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До Државната изборна комисија ТМРО поднесе седум приговори на изборниот процес во Старо Нагоричане.
Поднесени се приговори на избирачко место 1.156 во Младо Нагоричане, 1.157, 1.178, 1.182 Челопек, 1.183 во Алгуња, 1.176 во Пелинце и 1.181 во Никуљане.
„Овие избирачки места се на вкупно 1.050 избирачи, а предноста на СДСМ е од 240 гласа, па влијае на конечниот резултат. На овие места по првото броење и направен записник, извршено е второ броење со сосема други бројки, кои во вкупниот збир доведоа до првичните резултати. Преку овластен претставник до ДИК поднесовме седум приговори и бараме отворање и броење на гласачките кутии на овие места“, соопшти ТМРО.