Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кратово и Ранковце добија градоначалници од редовите на опозицијата, поточно од ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери, кои беа во водство и во првиот круг од локалните избори.
Нов градоначалник во Кратово е Тодорче Николовски од Социјалистичката партија на Македонија, кој беше поддржан од ВМРО- ДПМНЕ. Тој го победи својот противкандидат Влатко Бојковски од СДСМ, со разлика од околу 1000 гласови.
Борче Спасовски од ВМРО-ДПМНЕ, пак, ќе ја презеде градоначалничката функција во општина Ранковце, по победата над својот противкандидат Даниел Крстевски од СДСМ.