15 тројки го уништија Теодо
22.01.2013 18:54
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово забележаа триумф во Топ6 фазата од Балканската БИБЛ Лига, победувајки ја екипата на Теодо од Тиват победувајки со резултат 79:95.

Ова е прва победа на гостински терен на кошаркарите на Куманово. Денеска одлично ги служеше шутот за три поени, и од 20 обиди успејаа да погодат дури 15 тројки, со што ја уништија домашната екипа.
Најефикасни во Куманово беа Ивица Димчевски со 21 поен 2 скока и 3 асистенци и Александар Костоски со 22 поени.