Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Перо Антиќ поуспешен од Лестер Бо Мекејлеб во евролигашкиот дуел на екипите за кои настапуваат двајцата македонски репрезентативци во ова натпреварување.
Антиќ за 16 минути игра постигна 4 поени и 4 скокови во победата на Олимпијакос против Фенербахче Улкер. Во поразениот тим, Мекејлеб го одигра целиот натпревар и имаше ефект од 20 поени 6 скокови и 3 асистенции со што беше меѓу најдобрите во турската екипа.
Постигнати резултати на синоќешните натпревари од 6.коло во ТОП 16 фазата од Евролигата: Жалгирис - Алба Берлин 92:56, Бешикташ - Макаби 55:77, Реал Мадрид - ЦСКА Москва 88:78, Олимпијакос - Фенербахче Улкер 82:71 и Барселона - Монтепаски 85:66.
Двојките за денеска се: Уникаха Малага - Анадолу Ефес, Каха Лаборал - Химки и Пнатинаикос - Бросе Баскетс.