Атлетико не го пушта Фалкао, посебно не во Реал
04.01.2013 11:40
| KumanovoNews
Неколкуте изјави на некои шпански медиуми дека Фалкао се сели во градскиот ривал Реал, ја продрмаа фудбалската јавност, но не се чекаше ни премногу на демантот.

Претседателот на Атлетико наводно изјавил дека Фалкао е веќе играч на Реал, а сега одлучно ја демантира таа изјава.
Навистина е погрешно да ги поврзете Фалкао и Реал. Тој има договор со Атлетико и нема што да се додаде. Ова е обид за дестабилизација на нашиот клуб - изјави Енрике Сержо.