Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Напаѓачот на Милан Стефан Ел Шарави му посака добредојде на Марио Балотели, кој пристигна на Сан Сиро.
Проблематичниот напаѓач ја оствари желбата да заигра за Милан, која ја имаше уште како играч на ривалот Интер.
Се е договорено со Сити, тој ќе пристигне во среда на лекарските прегледи и ќе стави потпис на договорот до 2017 година - изјави директорот на Милан Умберто Гандини.
Покрај пристигнувањето на Дрогба и Снајдер во Галатасарај и потписот на Гвардиола во Баерн, ова е сигурно најзвучен трансфер во овој период.