×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • БК Фајтер не ја одбрани титулата поради проблем во мерење

    17.12.2012 13:34 | KumanovoNews

    Поради лошите временски услови, Боксерското првенство наместо во Македонска Каменица се одржа во Скопје во салата Борис Трајковски, а БК Фајтер не успеја да ја одбрани титулата.

    БК Фајтер не ја одбрани титулата поради проблем во мерење

    Официјално настапија 6 боксери на Фајтер, од кои двајца не влегоа во ринг поради немање на противници. Победи забележаа Николќе Митевски, Ибраим Мустафи, Никола Димитревски и Атхан Мемети, додека поразени беа Џемаил Сакиповски и Фитим Бељули.

    БК Фајтер не успеја да ја одбрани титулата поради тоа што двајца боксери на официјалното мерење се ставени во иста категорија, па едниот боксер немаше противник, што не беше планирано од страна на БК Фајтер. Доколку тоа не се случеше, тогаш Фајтер веројатно ќе ја одбранеше титулата.

    Клубот го завзема четвртото место зад Баргала, Охрид и Чаир.