Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бредли Вигинс е првиот Британец кој што успеал да триумфира на најпознатата велосипедска трка во светот – Тур д Франс.
Вчера велосипедистите ја завршија и последната дваесетта етапа на 99-то издание на Тур д Франс, етапа во должина од 120 километри, а триумфираше Британецот Марк Кејвдиш. Британецот четврта година по ред победува на последната етапа и потврдува дека е најдобар на светот кога е во прашање спринтот. Саган беше второпласиран на завршната етапа, а Метју Гос заврши на третото место.
Вигинс на крајот на трката славеше со време од 87 часа, 34 минути и 42 секунди што е за три минути и 21 секунда подобро време од својот тимски колега и сонародник, Кристофер Фрум, односно шест минути и 19 секунди побрз од италијанецот Винченцо Нибали кој во конечниот пласман заврши на третото место.Минатогодишниот победник, Кадел Еванс, ја заврши трката на седмото место со 15 минути и 51 секунда заостанување.