×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе заживее ли тенисот во Куманово?

    13.12.2012 10:13 | KumanovoNews

      Во Куманово нема услови за развој на белиот спотр иако меѓу учениците во основците и средни училишта во градот има интерес.

    Ќе заживее ли тенисот во Куманово?

    Тенисот е специфичен и скап спорт, а општината нема адекватен простор, ниту клуб каде децата можат да се зачленат и да тренираат.

    Важни се три компоненти, да има заинтересирани деца, родители и тренер, бидејќи не смее да се испушти ни еден детал во совладување на техниката. Додека беше убаво времето со две деца тренираме на Градскиот Кеј, а со други две во салата на средното економско училиште. Се надеваме дека ќе добиеме сала од локалната самоуправа. Да се оформи клуб финансиски и кадровски е тешко, па затоа ќе функционираме како испостава на битолска академија за тенис која ја раководи колегата Златко Павловски - вели Горан Китановски, тренер.

     Тој додава дека во Куманово нема деца кои досега тренирале тенис, ниту пак учествувале на некој напревар. Доколку сега се почне со работа, за една година ќе има млади таленти кои достојно ќе го презентираат градот на ниво на Македонија.