Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во четвртфиналето на последниот Гренд слем турнир сезонава, УС Опен, ќе играат Енди Мареј и хрватскиот тенисер Марин Чилиќ.
Мареј лесно излезе на крај со Канаѓанецот Милош Раониќ, совладувајќи го со 6:4, 6:4 и 6:2.
Освојувачот на златниот медал на Олимписките игри во Лондон имаше 31 винери и само 12 неизнудени грешки.
Претходно Чилиќ со 3-0 (7:5, 6:4 и 6:0) во сетови славеше над младиот Словак Мартин Клижан.
Без борба во четвртфинале се пласира Роџер Федерер, откако Марди Фиш го предаде мечот, а Бердих триумфира над Николас Алмагро со 7:6, 6:4 и 6:1.
Во женска конкуренција во четвртфиналето на УС опен ќе се сретнат двете Италијанки Сара Ерани и Роберта Винчи. Винчи експресно ја порази втората носителка Агњешка Радванска со 6:1 и 6:4, а Ерани ја доби Германката Анжелика Кербер со 7:6 и 6:3.