Денеска е закажано третото коло од боксерската лига во Македонија
29.09.2012 09:25
| KumanovoNews
Денеска во Штип ќе биде одржано третото коло од Боксерската лига на Македонија каде ќе настапат 12 екипи. Меѓу нив е и екипата на БК Фајтер од Куманово.
Кумановчани ќе настапат со 3 боксери, Џемаил Сакиповски 57кг(кадет), Никола Димитриевски 64 кг (јуниор) и најискусниот капитенот Николче Митевски 69кг (Сениор) кој ќе ја има најтешката задача во неговата кариера, бидејки ја промени својата категорија од 64кг. во 69 кг. На оваа првенство ќе бидат избрани и сениорските репрезентативци кои ќе настапат на Златен Гонг, а од Куманово само Митевски конкурира за место во репрезентацијата. Мехмед Кадриу од Куманово предходно има обезбедено место во репрезентацијата во категоријата над 91кг.

