Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На турнирот во Агино село, екипата “Македонија“ од Агино село ги победи противниците од “Миладиновци“ со резултат 4:2.
Поради несреденос на селското игралиште натпреварите беа сведени на минимум што не беше случај претходните години. За победничката екипа Општинскиот сојуз на спортови обезбеди пехари.
Од Општинскиот сојуз на спортови ја најавуваат општинската лига во фудбал која треба да почне од септември. Натпревари се играат на есен, во зима има пауза, и кон крајот на мај се добива победникот кој има право да учествува во регионална лига. Во општинската лига силите си ги одмеруваат петнаесетина екипи.