Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Американскиот „дрим тим“ и во натпреварот од 5. коло дојде до очекуваната победа. Тие синоќа ја совладаа Аргентина со 126:97 и само го потврдија првото место на табелата со максимален учинок. Американците реализираа 20 „тројки“ на овој натпревар.
На другите два дуела од А групата: Тунис – Литванија 63:76 и Франција – Нигерија 79:73.
Табела А група: САД 10 бодови, Франција 9, Аргентина 8, Литванија 7, Нигеија 6, Тунис 5.
На дуелите од Б групата европскиот шампион Шпанија го претрпе и вториот пораз по ред на Олимиските игри. Подобри од „црвената фурија“ беа кошаркарите на Бразил со 88:82 и го освоија второто место во групата. Русија загуби од Австралија 82:80, додека домаќинот Велика Британија ја постигна првата победа совладувајќи ја Кина со 90:58.
Табела Б група: Русија 9, Бразил 9, Шпанија 8, Австралија 8, Велика Британија 6, Кина 5.
Во четвртфиналето двојките се: САД – Австралија, Франција – Шпанија, Русија – Литванија и Бразил – Аргентина.