Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во недела во 12 часот во Спортската сала во Куманово ќе се оддржи “Државно првенство Куманово 2012“ во кик бокс.
На турнирот учество ќе земат повеќе клубови од Македонија. Наградени ќе бидат трите најдобри поединци сениори кои ќе победат во индивидуалните борби. Ова првенство ќе помогне во изборот на репрезентативци кои ќе бидат дел од кик бокс репрезентацијата на Македонија и ќе одат на европско првенство.
Клубот “Кик бокс 2006 Куманово“ ќе учествува со тројца натпреварувачи.
Организатори на настанот се Кик бокс Федерацијата на Македонија и Општински сојуз на спортови, под покровителство на општината и градоначалникот Зоран Дамјановски.