Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Капитенот на Ливерпул и на англиската фудбалска репрезентација, Стивен Џерард, е избран за најдобар играч во Англија за 2012 година во изборот на ФА.
Фудбалската Асоцијација на Англија овој избор го организираше со гласање на стручни лица од сферата на фудбалот, но и на фановите по пат на интернет, па така овојпат гласаа преку 180.000 навивачи, најмногу по 2003 година, кога ова признание му припадна на Дејвид Бекам.
За најдобар млад фудбалер на Англија беше избран Џордан Хендерсон, исто така од Ливерпул, со што овој клуб, интересно, ги има најдобрите англиски фудбалери за 2012 година, во која не успеа да освои трофеј.
Во женска конкуренција, најдобра фудбалерка на Англија е Стефани Хаутон.