Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона, одиграа без победник 1:1, во првиот полуфинален натпревар во националниот Куп.
Кристијано Роналдо го одигра својот јубилеен 600-ти натпревар во кариерата, додека Лео Меси барем засега не успеа да го собори рекордот на Алфредо Ди Стефано, кој е најдобар стрелец во Ел Класико со 18 постигнати погодоци, Меси има гол помалку.
Конечниот исход од 1:1 веројатно е и најреален со оглед на шансите кои ги создадоа двете екипи. Средбата подобро ја отвори Реал, но Каталонците бргу ја презедоа иницијативата па преку Чави и Лионел Меси за малку не поведоа, во првата прилика стативата беше сојузник на домаќините, додека во втората Рафаел Варан спречи гол за гостите.
Сепак, почетокот на вториот дел донесе и предност за гостите, кои во 50-та минута поведоа преку Цеск Фабрегас на асистенција на Лионел Меси. Истиот играч можеше да зголеми на 2:0, но тоа одново беше спречено од Варан, а во продолжението Каталонците имаа уште неколку добри шанси.
Тоа водство Барселона го чуваше до девет минути пред крајот, кога Варан одлично биде со глава и ја враќа надежта за „кралевите“ дека со добра игра на Ноу Камп можат до пласман во финалето.