Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Втор пораз на Македонија и на вториот натпревар од Европското првенство, Шведска победи со 26:15 и тие обезбедија пласман во главната рунда.
Последната шанса за Македонија е утрешната пресметка со Данска. Македонските ракометарки беа достоен противник само во првото полувреме, во 26-та минута успеавме да намалиме на 9:8, но до паузата Швеѓанките си ја вратија предноста и на полувремето заминавме со резултат 11:8. Во вториот дел Шведска го намалија бројот на нивните грешки и загубени топки и константно го зголемуваше водството за на крајот да победат со 26:15.Најефикасна во нашите редови беше Бајрамовска со 4 голови, а Андрејева одбрани 10 удари.
Утре се среќаваме со Данска која ја совлада Франција 28:27, со тоа се закомплицираа работите за нас во групата Б во која сега Шведска е лидер со четири освоени бодови, пред Франција и Данска, кои имаат по два бода. За пласман во следната рунда ние треба да ја совладаме Данска но ќе ни биде потребна победа на Франција над Шведска.