Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Фалкао заради повреда ќе биде надвор од фудбалскиот терен во наредните три недели.
Колумбиецот ја истегна задната ложа во 55. минута при еден спринт и остана да лежи на тревата, а откако физиотерапевтите констатираа дека не може да го продолжи мечот, беше заменет три минути подоцна.
„Се уште не сме сигурни за тежината на повредата, но Фалкао сигурно во наредниот период ќе одмора“, изјави Диего Симеоне.
Атлетико Мадрид се наоѓа зад Барселона со заостанување од 8 бода, а Фалкао е сигурно нивниот најдобар играч.