×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Федерер го доживеа својот најголем пораз - Мари го продолжи лудиот олимписки ден на Британците

    06.08.2012 06:34 | KumanovoNews

    Енди Мари му го нанесе најтешкиот пораз во кариерарата на Рожер Федерер, откако Британецот експресно го совлада Швајцарецот со 6-2, 6-1, 6-4 во тениското финале на Олимпијадата во Лондон.

    Федерер го доживеа својот најголем пораз - Мари го продолжи лудиот олимписки ден на Британците

    Треторангираниот рекет во светот го освои првиот златен медал во сингл мажи за Британија по чекање од 1908 годин. Тоа беше еден вид одмазда за него, откако пред четири недели во неизвесен натпревар го загуби финалето на Вимблдон токму против Федерер.

    Инаку, досега Мари никогаш претходно не победил против Федерер на некој гренд-слем, иако на преостанатите турнири има осум триумфи. По неговиот триумф, Британците денеска западнаа во вистински делириум со вкупно седум златни одличија забележани во еден ден, од кои три во атлетиката.

    Федерер го заврши својот четврти настап на една Олимпијада, но тенисерот број еден во светот не успеа да го комплетира таканаречениот “златен шлем“, кој единствено го поседуваат Андре Агаси и Рафаел Надал како единствени кои имаат трофеи од една Олимпијада плус победи на сите четири гренд-слем турнири.