Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фудбалерите на Металург утре на стадионот на Башкими во Куманово ќе бркаат два гола негатива против екипата на Рух. Натпреварот се игра во рамките на квалификациите за Лига Европа.
Тренерот на Металург Ѓорѓи Христов е оптимист пред почетокот на мечот.
Фокусирани сме на престојниот натпревар, ги увидовме грешките од првиот, ги поправаме и очекувам дека со довра игра ќе имаме и добар резултат. Утре не чека тежок натпревар - изјави Ѓорѓи Христов
На првиот натпревар, Рух славеше со резултат од 3-1. Христов најави и промена во стартните 11 во однос на првиот меч, додека гостите не открија како ќе настапат во Куманово.
Мечот започнува утре во 17.часот.