Гвардиола не е најдобар тренер на денешницата
10.10.2012 09:18
| KumanovoNews
Еден од најдобрите белоруски фудбалери, Александар Хлеб изјави дека Гвардиола не е најдобар тренер туку дека ги поседувал најдобрите играчи во тој момент, што довеле до успех.

Тој изјави дека најмногу научил под водство на Арсен Венгер, во периодот додека престојуваше во Арсенал.
Не верувам дека Гвардиола е најдобар тренер на светот. Ја тренираше најдобрата екипа со најдобрите играчи и тоа е тоа. За мене најдобри тренери се Жозе Мурињо, Алекс Фергусон и Арсен Венгер - изјави поранешниот играч на Барселона, Александар Хлеб.