Хет-трик на Ѓоковиќ во Мелбурн
27.01.2013 13:10
| KumanovoNews
Новак Ѓоковиќ беше поуспешен од Енди Мареј во своето четврто финале на Австралија Опен, и успеја да го освои трет по ред, вкупно четврти Австралијан Опен во својата кариера.

Тој беше поуспешен од Енди Мареј со резултат 6:7(2:7), 7:6(7:3), 6:3, 6:2. Тој ја забележа својата 21.победа во низа, соборувајки го рекордот на тренерот на Енди Мареј, Иван Лендл кој владееше во Австралија во период од 1989 - 1991 година.
Четвртиот трофеј во Мелбурн го изедначи Ѓоковиќ со Андре Агаси и Рожер Федерер кои имаат освоено четири титули во Австралија.