Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Според шпанскиот спортски весник Марка, Икер Касиљас и Серхио Рамос му поставиле ултиматум на претседателот Флорентино Перес: "Или Мурињо или ние!".
Ваквиот став, на претседателот Флорентино Перез му го пренеле двајцата капитени Икер Касиљас и Серхио Рамос кои порачале дека ако тренерот не добие отказ во јуни, најголем дел од играчите ќе побараат трансфер.Кристијано Роналдо минатата недела имаше конфликт со тренерот по дуелот против Валенсија во Купот на Шпанија, а Анхел ди Марија е незадоволен од тоа што секогаш тој е потенциран како една од најслабите алки во тимот.
Најновата имфорамција која ја пренесуваат медиумите е дека претседателот Перез свикал итна пресконференција за денес попладне, но никој сеуште не ги знае точните мотиви за пресконференцијата.