Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонската ракометна ѕвезда Јулија Николиќ следната сезона ќе ги брани боите на ЖРК Вардар.
Трансферот на поранешната репрезентативка беше и претходно најавен, а сега е и официјализиран откако од таборот на „црвено-црните“ потврдуваат дека двете страни ги договориле условите и потпишале едногодишен договор.
По три сезони минати во францускиот Арвор 29 и една во Звезда Звенигород, Николиќ реши повторно да се врати во Македонија и да ја продолжи кариерата во нашиот клуб. Со неа ЖРК Вардар СЦБТ за следната сезона добива големо искуство и квалитет на бековската позиција – се вели во соопштението на интернет страната на ЖРК Вардар.
30-годишната ракометарка од 2003 до 2009 година насташуваше Кометал ЃП, а во меѓувреме доби македонски пасош и стана репрезентативка на Македонија.
На Европското првенство во Србија во декември минатата година, Николиќ ја заврши репрезентативната кариера со вкупно 60 одиграни мечеви и 201 постигнат гол.