×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кадетите седми на ЕП во Романија

    29.07.2012 11:31 | KumanovoNews

    Кадетската репрезентација на Македонија го освои седмото место на Европското првенство, дивизија Б, во Романија откако денеска, во последниот меч од второлигашкиот континентален собир за играчи до 16 години, ја совлада Португалија со 70-56.

    Кадетите седми на ЕП во Романија

    Крајниот епилог на четата предводенио од селекторот Игор Михајловски е релативно задоволувачки со оглед на тоа што е остварен далеку подобар резултат од на пример неодамнешниот пласман на малдинците на 16. место на ЕП, дивизија Б, во Софија. Но, според прикажаното на теренот, македонските кадети заслужија да се борат за највисок пласман и за место меѓу трите првопласирани што ќе обезбедат промоција во повисок ранг. Во тоа ги спречи неспортското однесување на кошаркарите на Белгија, кои иако имаа 10 поени предност на пет минути пред крајот на средбата против Шведска од последното коло од втората фаза на крајот на сомнителен начин загубија со што директно ја елиминираа репрезентацијата Македонија од полуфиналето.

    Без разлика на сето ова, факт е дека во кадетскиот состав на жолто-црвените има неколкумина што можат да се вбројат во вистински бисери на македонската кошарка, пред се Кристијан Николов, кој со 32 поени беше најефикасен на денешниот дуел и Андреј Магдевски (14 поени и 10 скока), но и 15-годишниот Оливер Двојаковски чие време допрва доаѓа.

    Како мала утеха ќе биде признанието за најдобар стрелец за Николов, кој шампионатот го заврши со просек од 25,9 поени на осум одиграни средби што е учинок на почит. Магдевски, пак, е најдобар „крадец“ со просек од 4,4 украдени топки по натпревар. Овие двајца се најголеми кандидати за место во идеалната петорка на ЕП во Букурепт во која без никаква дилема мора да има место за маестралниот Николов, а со малку среќа и за одличниот Магдевски.