Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кинезите водат на листата со 30 освоени медали, од кои 17 златни. Втори на листата се САД.
Кинескиот селектор се извини поради бадминтон скандалот.
Кинеските спортисти се најуспешни и по петтиот ден од натпреварувањето на Олимписките игри во Лондон, и убедливо се на првото место со освоени 30 медали, од кои 17 златни. На второ место се САД со 28 медали, од нив 11 златни. Досега на Игрите претставници на вкупно 49 држави освојуваа медал.
Инаку, селекторот на кинеската бадминтон федерација се извини и ја презеде вината за скандалот со намерното губење натпревари на неговите натпреварувачки, кој вчера ги потресе ОИ во Лондон.
Осум натпреварувачки во бадминтон се исфрлени од Олимпијадата, поради сомнежи дека намерно губеле одредени мечеви за да добијат полесни противници во следното коло. Светската бадминтон федерација, наведе дека спортистките од Кина, Јужна Кореја и Индонезија ќе и бидат предадени на дисциплинската комисија и дека тие ќе одговараат за кршењето на кодексот. Ова е прва масовна дисквалификација во историјата на Олимписките игри.