Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Куманово овој викенд ќе биде домаќин на турнир, во кој како и минатата година ќе учествуваат две домашни екипи и две екипи од српското првенство.
Покрај Куманово, учество во турнирот ќе земат екипите на Работнички од Скопје, Раднички Крагујевац и Војводина.
Куманово освен што е домаќин на турнирот, ја брани и титулата на овој турнир, одкако минатата година издвојуваа победа над Фени Индустри, а учествуваа и Борац од Чачак и Мега Визура - Београд.
Фаворитската улога оваа сезона ја има екипата на Раднички од Крагујевац, одкако оваа лето се засилија со два кошаркари кои ги посетуваа НБА камповите.
Утре со почеток во 17.30 ќе играат Работнички и Раднички Крагујевац, а од 20 часот започнува второто полу-финале помеѓу Куманово и Војводина.